Меси купи луксузен апартман во Мајами за 7,3 милиони евра

– Капитенот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Лионел Меси, стана сопственик на луксузен апартман во Мајами за кој Аргентинецот плати 7,3 милиони евра, јавуваат светските медиуми.

Апартманот, лоциран во зградата „Sunny Isles Beach“ со поглед на море, се наоѓа во близина на центарот на Мајами и располага, меѓу другото, со четири спални соби, четири бањи, шест базени, спа и фитнес-центар.

Купопродажниот договор е склучен преку компанијата „Celromalina LLC“ со која аргентинскиот фудбалер од порано има соработка при купување недвижности.

Меси веќе поседува еден луксузен апартманот во американскиот град Мајами, сместен во познатата 60-катна станбена зграда „Porshe Design Tower“ за кој фудбалерот плати пет милиони евра.

Back to top button
Close