Метеоаларм за целата земја: Се очекуваат невреме, град и ветер до 60 километри на час
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм и предупреди дека денеска на повеќе места во земјава се очекуваат повремени врнежи од дожд и локална нестабилност.

Според прогнозата, нестабилното време ќе биде проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одделни места ќе има услови за појава на невреме проследено со град.
Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.
Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат најновите временски информации поради можноста од брзи промени на временските услови.






