Мицкоски е подготвен за разговори со бугарска страна, но со посредство на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е подготвен за разговори со бугарска страна во кое било време за соочување на аргументите за спорот околу внесувањето на Бугарите во Уставот.

Според изјавата што тој ја даде одговарајќи на новинарското прашање на денешната прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, средбата со претставниците на Бугарија, Мицкоски претпочита да се случи во Брисел, заедно со европските претставници, а не во Скопје или во Софија.

„Јас сум подготвен во кое било време – и таа подготвеност му ја пренесов на господинот Кошта – да дојдам во Брисел, дали во негово присуство или во присуство на претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, во било чие присуство да седнеме, да разговараме кога било и колку и да треба за да дојдеме до заедничко решение како двете страни да испорачаат“,рече Мицкоски.

Премиерот ова го кажа прашан зошто не побара средба со бугарскиот премиер во услови кога Бугарија веќе одреден период има политичка влада – причина која пред нејзиното формирање Мицкоски ја наведуваше како неможност за разговори поради непостоење соодветен соговорник во Софија.

Потенцира дека ставот за уставните измени останува непроменет и дека ќе остане таков додека Софија не покаже добра волја и не ги спроведе 14-те пресуди од Судот во Стразбур кои се однесуваат на Македонците во Бугарија

Back to top button
Close