Мицкоски: Ќе се купат 100 до 120 електрични автобуси, а ратите ќе се отплаќаат од 2028 година

Парите нема да ги видиме во новиот Буџет, туку дури во тој за 2028 година, зашто првата од осумте полугодишни рати, ќе доспее дури тогаш, одговори премиерот Мицкоски на прашањето на пратеничката на СДСМ, Лукаревска која го праша зошто заедно со градоначалничката Данела Арсовска, досега не набавија 250 нови електрични автобуси. Таа праша каде се новите автобуси во Буџетот.

„Условот за оваа набавка, ќе биде грејс период од три години. Ќе се набавуваат 100 до 120 електрични автобуси, со 50 полначи. Тоа јас на градоначалничката ѝ го презентирав. Но, се случи што се случи, јас се извинив за грешката со градоначалничката и правиме сè таа грешка да ја поправиме”, одговори Мицкоски.

Лукаревска го праша премиерот и за когенеративната централа. Рече дека не се предвидени пари во буџетот за такво нешто.

„Што се случи со Планот за чист воздух поздравен и од ЕК, кој го донесе претходната власт и со бројки докажа дека дава резултати?” праша Лукаревска.

Мицкоски одоговри дека за 5 месеци е физички невозможно да се истражат пазарите, да се распишат и спроведат тендери.

„Го знаете и вие тоа. Изведбата на когенеративната централа, утре да почнеме, првата година ќе потрошиме едвај 10 отсто од средствата што би ги резервирале сега. Сите услови да ги имаме сега, би го фатиле евентуално ребалансот. Планираме на 4-5 места да изградиме когенеративни централи. Утре да почнеме да градиме, само за проект ќе ни треба година ипол. Тендер би бил дури 2026 година. Затоа не ги гледате парите во Буџетот. Имавте и забелешки за Дрисла, еве во моментов 5 милиони евра од ЕУ се одблокирани. Во моментов тече тендер за депонија во Свети Николе. Почнува постапка и за депонија во Новаци” одговори Мицкоски

Back to top button
Close