Мицкоски и Курти на конгресот на ВЛЕН на кој пет партии се обединуваат во еден субјект

Петте политички партии од досегашната коалицијата ВЛЕН попладнево во Скопје на конгрес се обединуваат во еден политички субјект. На конгресот е најавено присуство на 850 делегати, а предвиден е официјален и работен дел.
На конгресот присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски и косовскиот премиер Албин Курти, како и претставници на други политички партии од земјава.
При обединувањето во еден субјект, од ВЛЕН најавуваат нов модел со копретседатели и други тела како што се секретаријати.
Најавено е и дека на конгресот ќе бидат усвоени пет резолуции, меѓу кои резолуција за жените со која се бара 40 проценти застапеност на жените во процесите на донесување одлуки во новиот политички субјект, резолуција за млади и резолуција за децентрализација.
Од ВЛЕН велат дека ова е голем ден за нив бидејќи, покрај прославата на Денот на Европа, се прославува и денот на нивното обединување во еден субјект.






