Мицкоски извади папка со наводно лажни сертификати по англиски на директори поставени од СДСМ

Сертификатот по англиски јазик на првиот човек на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, денеска е тема и на пратеничките прашања во Собранието. Пратеникот Венко Филипче од говорница рече дека Христовски наводно, имал само 5 години стаж на раководни позиции и тоа можело да се види од податоци во Фондот за здравство, со што како што рече Филипче, Христовски не ги исполнува законските услови од членот 10 од Законот за АНБ за да биде именуван. Филипче го спореше и сертификатот по англиски што го приложил Христовски.

Документот што го приложил е од училиште во Пловдив Бугарија а во Пловдив воопшто нема TOEFL центар за тестирање. Значи за да стане директор свесно употребил фалсификуван документ и со тоа направил кривично дело. Нели, господине Мицкоски, ветувавте поразличен начин на работа? Нели мерит систем некој најавувате?, рече Филипче.

Мицкоски порача дека АНБ не треба да е тема на јавна расправа туку институциите да ги проверат наводите за Христовски. Во врска со сертификатот по англиски јазик, Мицкоски направи неочекуван потег во Собранието – извади папка во која рече дека се наоѓаат „слични сертификати по англиски јазик од директорите назначени од СДСМ“ и дека тие ќе му ги даде на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Back to top button
Close