Мицкоски кон ЕУ немало да води “мекотелна политика”

И по 2028 ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ја формираат следната влада, а не гледам како вие со вакви ненародни политики и со тоа што претставувате меко ткиво ќе можете да добиете или да повратите дел од изгубенте гласачи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање од пратеникот и претседател на СДСМ Венко Филипче.

Филипче го праша премиерот кој е Душан Адамовиќ, зошто е поставен за конзул во Белград и дали има лична релација со него, а изнесе критики со потпрашања за барањата за зголемување на платите, забележувајќи му дека рекол оти треба да се почитуваат законите но направил линеарно зголемување на пензиите. Упати критики и за состојбата во земјоделството, енергетиката, новиот закон за високо образование, евроинтеграциите …

 

Мицкоски рече дека оваа Влада ги покачила пензите и договорила раст на платите со партнерите во јавниот сектор и потенцираше дека ќе продолжи да работи во интерес и на пензионерите и на работниците.

 

– Жал ми е што не ја научивте лекцијата и удирате повторно по групата на луѓе кои за време на транзицијата некои ваши претходници ги оставија на улица а денеска се пензионери, и голем дел од нив станаа транзициски херои, ограбувајќи го народниот имот на граѓаните а стотици луѓе на улица како технолошки вишок и за жал пред доаѓањето на оваа влада нивните пензии беа катастрофални, а со доаѓањето на оваа влада пензиите сè уште не се во онаа кондиција онака како што заслужуваат, но колку можевме во рамки на можностите успеавме да заштедиме одредени средста и на пензионерите да им ги покачиме пензиите, рече Мицкоски.

Тој дополни дека последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната плата за минатата година е зголемена за 9,6 проценти, што посочи, не е доволно и треба да се зголеми но оти тоа се можностите што сега ги имаме како економија и влада во смисла на тоа што е договорено во јавниот сектор до 2028 година до кога оваа влада има добиено мандат од граѓаните.

– После тоа ќе видиме, иако еве уште сега ви кажувам дека и по 2028 година ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ја формираат следната влада, а за жал со вакви ненародни политики што ги имате и претставувате меко ткиво на македонскиот идентитет и македонската политичка сцена, со вакви мекотелни изјави и прашања што сега поставувате не гледам како ќе можете да добиете или да повратите малку од онаа супстанца што ја изгубивте кај македонските гласачи, рече Мицкоски.

Осврнувајќи се во состојбите во земјоделството потенцираше дека земјоделците цела 2025 година добиваат цени кај инпутот во негатива а кај аутпутот во позитива, како и дека од Македонија лани се извезени 450 милиони евра земјоделски производи а се увезени 220 милиони евра, што, потенцираше е 30 проценти повеќе од претходната година.

На критиките од Филипче за Предлог законот за високо образование, Мицкоски наведе дека немаме универзитет во првите 2000 според шангајската ранг листа, затоа што, како што рече, со закон што на шверцерски начин го донела поранешната министерка за образование Рената Дескоска сега може да се стане редовен професор откако ќе се објават шест труда.

– Го уништивте образованието. Денес бараме секој професор кој добива 120.000 до 140 000 денари плата, благодарение на оваа Влада, да си ја врши својата работа односно да објавува трудови во квалитетни списанија, со фактор на влијанија и кои се во базата на податоци. Треба да пишуваат затоа што ги осакатуваме децата нашите студенти и затоа најдобрите одат во Љубљана затоа што тие универзитети организираат тука саеми и им нудат стипендии. Ќе се бориме со тоа. Таа е политиката. Ќе си ги вратиме децата дома. Ако за ова треба да паднам од Влада ќе паднам, порача Мицкоски.

За критиките од опозицијата за блокада на евроинтеграцијата, Мицкоски истакна „за ЕУ нема да водиме мекотелна политика“.

– Вие сте мекото ткиво. Сè додека давате вакви изјави ќе имаме политичари од Бугарија кои ќе знаат дека имаме меко ткиво во македонскиот национален идентитет и ќе се обидуваат секогаш да играат на картата на помал отпор. Не можете да постигнете ништо со тоа. Ќе останете запаметен во историјата како човекот кој бил мекото ткиво од партијата која била мекото ткиво на македонскиот национален идентитет. Не ви го советувам тоа. Знаете што значи да останете запаметен во историјата, од Охрид сте, знаете точно што сакам да кажам, кој и како ги предавал моштите, наведе Мицкоски.

Му порача на Филипче дека Владата и во енергетика може да и одржи лекција на опозицијата и го покани да одат заедно на терен за да види реализација на приватна инвестиција од половина милијарда долари, но посочи „вие сте навикнати на македонски инвестиции во Грција во соларни електрани“.

Филипче претходно му рече на Мицкоски дека „под негова директна команда, пратениците на мнозинството ги оставиле работниците без заслужено зголемување на платите“, како и дека „се чувствува кризата во сите сегменти во земјоделствто

Back to top button
Close