Мицкоски летал со бизнис класа оти имал проблем со колената

Премиерот Мицкоски рече дека најверојатно утре во ДКСК ќе бидат испратени сите докази за трошоците, летањето со бизнис класа на 21-члената делегација и за присуството на неговиот малолетен син  на самитот на НАТО во Вашингтон.

Тој не се согласува дека погрешил што со себе го земал малолетниот син Јован бидејки во поканата пишувало дека може да понесе и придружник кој според него не мора да биде сопругата туку и друг член од семејството.

Тврди дека картата за синот Јован ја платил тој од негови пари. Не гледа проблем што придружник му бил синот споредувајќи се со претседателот Бајден кој на значајна средба ја понел неговата внука.

На прашанјето зошто тој и министрите Пешевски, Муцунски и Мисајловски патувале со бизнис наместо со економска класа и картите им се од 4 до 5 илјади евра посебно објасни дека не било баш така.

Од Скопје до Лондон летале се економска класа, а од Лондон до Вашингтон и од Вашингтон до Њујорк летале со бизнис класа.

-Имам проблеми со колената и на така долги релации летам со бизнис класа – кажа тој но не одговори дали и министрите поради некој здравствен проблем летале со бизнис класа и така заедно само за авионски билети потрошиле 20-тина илјади евра

Back to top button
Close