(Видео) Мицкоски бара Тошковски жестоко да одговори на заканите и нарушувањето на јавниот ред на протестите организирани од тие кои немаат возачки дозволи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал решителна и силна реакција од полицијата за сите кои го прекршиле законот, упатувале јавни закани и го загрозиле мирот и безбедноста на граѓаните за време на вчерашните протести поврзани со одземањето на возилата на лица кои управувале без возачка дозвола.

-Ќе биде одговорено жестоко, за да не се повтори вчерашното дивеење што се случи, кажа премиерот за протестите на дел од граѓаните од ромска националност

„Разговарав утрово со министерот за внатрешни работи. Тоа што го побарав од него е оној кој го прекршил законот, јавно упатил закани, го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните – жестоко да се одговори. И ќе се одговори за да не се повтори тоа дивеење вчера што се случи“, рече Мицкоски.

Изјавата на премиерот доаѓа по серијата протести и блокади на патишта, при што дел од демонстрантите палеа и гуми и отпад и влегуваа во вербални конфликти со полициските службеници. Протестите се реакција на примената на измените на Законот за прекршоци, со кои е предвидено задолжително одземање на возилата на лица затекнати како управуваат моторно возило без положен возачки испит.

 

Тие пак тврдат дека немаат пари за да полагаат за возачка дозвола.

 

Back to top button
Close