Мицкоски повторно ветува „добри времиња“ – политика на стап и морков

Соопштение на СДСМ

Христијан Мицкоски повторно зборува за „добри времиња кои се пред нас“.

Ова е истата приказна која ја слушаме веќе две години – секогаш „наскоро“, секогаш „пред нас“, а никогаш не доаѓаат.

Еве што всушност се случува:

За инвестициите:

Мицкоски тврди дека инвестициите почнуваат да се реализираат.

Реалноста е дека странските инвестиции се намалени за над 60 отсто. Нема напредок во европските интеграции, а без тоа инвеститорите не доаѓаат.

Шест автопати и брза пруга се ветуваат веќе две години, а резултати сè уште нема.

 

За економскиот раст:

Говори за раст на БДП, градежништво и туризам. Во исто време, граѓаните се соочуваат со највисоки цени досега, а потрошувачката кошница надминува 68.000 денари. Растот е статистички, а не реален во џебовите на граѓаните.

 

За платите и пензиите:

Ветува зголемување. Во реалноста, минималната плата и понатаму е далеку од 600 евра, а реалниот стандард на граѓаните паѓа.

Платите не го следат растот на трошоците. Наскоро во буџетот нема да има пари ниту за пензии. Вториот пензиски столб веќе е загрозен.

 

За буџетот и ликвидноста:

Тврди дека буџетот се полни над очекувањата. Во исто време, државата се задолжи со над 2,5 милијарди евра за две години, а пари за реални мерки за граѓаните и земјоделците нема.

 

За „добрите времиња“:

Мицкоски веќе две години ветува дека добрите времиња доаѓаат.

Досега добивме поскапување на сè, пад на инвестициите, изолација од Европа и празни ветувања.

Народот веќе не верува во овие „добри времиња пред нас“. Граѓаните сакаат резултати сега, а не нови рокови и нови лаги.

Back to top button
Close