Мицкоски со шестчлена владина делегација во посета на Орбан

Во рамките на економско-политичката посета на Будимпешта, премиерот ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која, како што најавија од Владата, ќе разговараат за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања

Премиерот Христијан Мицкоски со шестчлена владина делегација од денеска е во посета на Будимпешта, Унгарија.

При посета на Будимпешта, Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на која, како што најавија од Владата, ќе разговараат за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања.

Мицкоски ќе има и свое обраќање на бизнис-форумот „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија“, каде што, според најавите, ќе се воспостават нови контакти и ќе се разгледаат можностите за продлабочување на економската соработка меѓу унгарските и македонските компании.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Мицкоски се и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Даниела Димовска

Back to top button
Close