Мицкоски: Трајно ќе ја напуштам политиката ако СДСМ до пролет најде еден мигрант во Македонија кој е дел од договор со В.Британија

„Еве ќе му оставам до пролет простор на Филипче, заедно со Фрчкоски и со Жерновски да одат и да бараат мигранти на територијата на цела држава кој што е дел од некаков си договор со Велика Британија, и ако најдат еден, јас трајно ќе ја напуштам политика. Во спротивно, очекувам тројцата да се извинат. Јас сум подготвен и ова да важи за цел мој мандат, но ете тие дадоа некаков рок до пролет, па јас им велам до пролет ако најдат еден мигрант кој што е дел од договорсо Велика Британија, јас нема повеќе да се занимавам со политика. Во спротивно, очекувам да излезат пред македонската јавност и да се извинат. Мислам дека е фер политика“, рече Мицкоски.

Back to top button
Close