Мицкоски заедно со Кошта отпатува во Тирана: „Ќе имам средба со Стармер со добри вести за Македонија“

Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со Антонио Кошта во Скопје, заедно отпатуваа во Тирана, Албанија, каде ќе учествуваат на самитот на Европската политичка заедница.

„Со Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта патуваме во Тирана, на самитот на Европската политичка заедница, каде имам средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер со добри вести за Македонија.“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Back to top button
Close