Варди в недела последен пат во дресот на Лестер

Премиерлигашот Лестер објави денеска дека нивниот легендарен играч Џејми Варди ќе го одигра својот последен натпревар за клубот в недела против Ипсвич., во рамки на претпоследното, 37 коло од англиското првенство.

Лестер во последното коло го очекува гостување против Борнмут, на 25 мај, но Варди ќе го одигра својот последен натпревар за клубот каде што ги помина последните 13 сезони против Ипсвич.

Ова ќе биде 500 натпревар на Варди за Лестер, на кој ќе има шанса да го постигне својот 200 гол за англискиот клуб.

Лестер објави дека ќе го прослават успехот на својот „најдобар играч на сите времиња“ пред и по натпреварот.

Варди, кој минатиот месец објави дека ќе го напушти Лестер, нема да ја заврши кариерата, но сè уште не посочил во кој клуб ќе ја продолжи.

Back to top button
Close