Мицотакис: Иако не се согласував со Договорот од Преспа, морам да го почитувам, сега истите барања постојат и од новата Влада на Северна Македонија


Се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема постизборно да бидат официјална позиција на новата Влада на Северна Македонија, бидејќи ако се случи ова, ќе имаме проблеми, истакна премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија Алфа, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека и тој како опозиција не се согласуваше со Договорот од Преспа, но сега мора да го почитува во рамките на континуитетот на државата и потенцираше дека истото ќе треба да го стори и новата Влада.

Посочи дека „со загриженост“ ги следи изјавите на функционерите на ВМРО, но и дека „со голем интерес“ го чека официјалниот став на новиот премиер за да види „на кој начин ќе се осврне на името на неговата земја“.

-Сакам да бидам јасен. Јас лично не се согласував со Договорот од Преспа, а особено со одредниците „македонска нација“ и „македонски јазик“. Но, го прифатив Договорот во рамките на континуитетот на државата и препознав дека, и покрај моето несогласување со Договорот, морам да го почитувам. Истите барања постојат и сега од новото раководство на Северна Македонија. Да бидеме трпеливи. Сакам да се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема да бидат официјална позиција на новата Влада постизборно, бидејќи ако се случи ова ќе имаме проблеми, рече Мицотакис.

„Да бидеме трпеливи. Сакам да се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема да бидат официјална позиција на новата Влада постизборно, бидејќи ако се случи ова ќе имаме проблеми,рече Мицотакис.

Тој кажа и дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ги следел со загриженост, но и дека „со голем интерес“ го чека официјалниот став на новиот премиер за да види на кој начин ќе се осврне на името на неговата земја.

Вчера, во изјава за „Телевизија 24“, професорот Јоанис Армаколас кој е експерт за меѓународна политика порача дека според него очекувањата се дека доколку Скопје не го почитува Преспанскиот договор, ќе следи жесток одговор од Атина.

„Кога станува збор за инаугурацијата за новиот претседател во недела, сметам дека Грција ќе следи да види, дали за време на протоколот на церемонијата, ќе се користи уставното име на земјата, или новиот претседател ќе го користи старото име на земјата. Тоа ќе биде нешто што грчката влада ќе го следи и сигурен сум дека ќе има реакции“,рече Армаколас за Телевизија 24.

Тој кажа и дека не очекува веднаш да се стави вето на преговорите на Македонија со Европската Унија, но кажа дека од волјата на македонската влада да се користи терминот „Северна“ ќе зависи и тоа дали ќе се влошат односите во иднина.

Back to top button
Close