Милановиќ: Војната во Украина ќе заврши кога Русија ќе победи или ќе дојде до смена на власта во Москва

„Русија не смее да ја загуби војната, не може да си го дозволи тоа, има огромна енергија и ресурси да победи во војна против речиси секого и тие се таму како нуклеарна сила. Единствениот начин што го гледам дека може да стави крај на оваа агресија против Украина е промена на власта во Русија”.

Ова денеска на сплитските студенти им го соопшти хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, кој притоа кажа дека единствен начин да се запре агресијата врз Украина е да има промена на власта во Москва или Русија да победи во оваа војна.

Меѓутоа, рече тој, низ историјата имаме искуство како изгледа кога се менува власта во Москва.

-Како ќе заврши војната? Значи Русија мора да ја добие војната, од нивна визура таа мора да ја добие. Единствен начин да не ја добие е да ја сменат власта, а тоа нема да се случи без договор на САД, Велика Британија и Русија. Без нив нема договор, изјави Милановиќ

Back to top button
Close