МИЛЕНКО: Бевме излажани, ни кажаа дека долгот на Вардар е 2.5 милиони евра но испадна дека бил 10,5 милиони евра. Некој и него да го излаже!
Миленко Неделковски во јавноста ознат како преварант кој од власта ја доби позицијата директор на фудбалскиот клуб Вардар со задача да го крене од колапс се пожали дека од претходните газди на клубот кога го превземал биле излажани за висината за милионскиот долг на Вардар.
Ни кажаа дека долгот е 2,5 милиони евра ама излезе дека бил 4 пати поголем односно 10,5 милиони евра.вели Миленко. Според него со чесна работа вратиле 6.100.000 евра кон фирми, хотели, бензински пумпи, автобуси, УЈП, пензински фонд, здравствен фонд, луѓе на суд, извршители, ресторани, стадион, простор на ПУИГ… Останати се за враќање уште 4.362.000 евра
„Кога сме веќе кај финансиите, информирам дека за неполни две години, односно за година и пол од официјализирањето на работењето на новата управа на ФК Вардар, е следната ситуација: Ние како круг на луѓе кои дојдоа да направат начин да биде спасен клубот од пропаст, кога пред повеќе од две години дојдовме, нас од тогашните сопственици кои беа инволвирани во клубот, ни беше кажано дека клубот должи севкупно 2,5 милиони евра. Дури и велеа дека е 2.300.000 евра и дека ако некој спонзор дојде или инвеститор, газда, кој ќе ги најде тие пари, Вардар ќе се одглави и ќе застане пак на здрави нозе.
Летото пред две години, таа сума беше извесна и обезбедена од сериозни рекламери и спонзори, сегашни пријатели. Беше обезбедена целата таа финансиска структура и се случи да тие 2,5 милиони евра не се доволни, односно дека ние кои се нафативме да го спасиме клубот од пропаст, бевме брутално излажани, изманипулирани, бидејќи како надворешен човек немаш контакт и овластување со сметки, блокади, долгувања и слично, не можеш да ја знаеш финансиската ситуација и единствено што можеш е да веруваш на тој што вели „дојдете со 2,5 милиони евра за да го спасите клубот“вели Миленко.
После една цела година работа од 11 декември 2024 година, на длабинско влегување на скриени долгови, камати кои никој никогаш не ги пресметал, долгувања кои отпосле се појавија, на приложување на извршни работи од извршители, а важечки судски, се покажа дека тој долг не е 2,5 милиони евра, туку 10,5 милиони евра. Сите претходни управи значи, сите директори, газди, акционери, претставници, сопственици – фраери на батерии – сите наназад, кој од незнаење, кој заради кражба, оставиле долг, ни ставиле трн во здрава нога на нас да вратиме скоро четири пати повеќе. Доколку некој би ја знаел сумата пред четири години, претпоставувам дека никој не би се нафатил да спасува. А, тоа значи дека Вардар во 2024 година ќе згаснеше.
Од една страна е среќа што дојде новата структура, од друга страна ако може да се види некоја светлина во тие лаги е што поверувавме во лагата и таа лага ја прифативме за вистина, за после да не можеме веќе да се повлечеме. Си решил – ќе спасуваш.“, истакна функционерот на црвено-црните и продолжи со информација дека во целиот случај вклучено е и Јавното Обвинителство.
. Секако тие документи не може да ги дадеме во јавност затоа што ќе го нарушиме процесот, меѓутоа процесот е во тек. На овие пари ако се додадат уште четири милиони евра што беа земени за излез на ФК Вардар на европска сцена во Лига Европа, се претпоставува дека во неколку години од клубот се злоупотребени многу пари.
Е, со таа тежина се справува новата сопственичка структура во Вардар. И тоа се мора да има влијание врз се, па и врз резултатите. Нешто како што ги немаше парите во Фудбалската федерација, така беше и во ФК Вардар. Пустелија. Настрана што и во овој тренинг камп беше се запустено, од терен, до соблекувални и простории. Тековното работење е плус, колкав е буџетот – наш е, тоа е плус пари. Не должиме во нашето раководење на никого, од патувања, до подготовки, до плати, рати во тековното работење, а трошиме расходи на стари неплатени работи.“, открива Миленко Неделковски.
Два и пол, па пет, шест, осум, сега десет милиони евра… дали постои опасност оваа сума да порасне уште повеќе во иднинa?
„Од оваа гледна точка не можам да знам колку ќе биде во иднина. Долгот само изненадувачки расте заради претходници кои се појавуваат од минатото. Не знам што ќе биде во иднина. Не верувам дека ќе има крупни побарувачи, но сигурно ќе се појави и друг некој. Ние се бориме по судови и водиме борба. Но, факт е дека Вардар од пред две години беше едно исцицано сираче, огладнето, оставено коска и кожа и фрлено на ѓубриште. И од тоа ние успеавме во краток период да освоиме Куп на Македонија, а оваа година да сме најсериозни кандидати за титула. Толку брзо да се врати нешто е невидено. Светски рекорд. Без сериозни спонзори, чесна работа, тоа немаше да биде можно“






