Милошоски примен на Инфективната клиника поради зголемена температура

 Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник Антонијо Милошоски на Фејсбук објави дека денеска околу 16 часот бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје поради зголемена температура.

– Денес околу 16 часот од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура. Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така. Вчерашниот тест покажа негативни резултати на КОВИД-19, но по препорака на специјалист од Инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден, пишува Милошоски.

Тој на изрази благодарност до семејството и до медицинскиот персонал  за поддршката. мд/лв/

Back to top button
Close