Минхен ќе се кандидира за домаќин на атлетското СП 2029 или 2031

Минхен ќе се кандидира за домаќин на Светското првенство во атлетика во 2029 или 2031 година, одлучи денеска советот на најголемиот град во Баварија.
Градските советници со огромно мнозинство гласаа за поднесување на документите за апликација, кои вклучуваат финансиски гаранции за еден од најголемите спортски настани во светот.
Атлетските натпреварувања би се одржале на Олимпискиот стадион, кој е изграден за Олимписките игри во 1972 година и во моментов е во процес на реновирање. Стадионот беше домаќин на Европското првенство во атлетика во 2002 и 2022 година.
„Возбудливо Светско првенство во нашиот култен Олимписки парк би било благодет за спортот, за заедницата на нашиот град, за меѓународниот углед на Минхен и, секако, за нашата крајна цел да ги вратиме Олимписките и Параолимписките игри во Минхен“, градската раководителка за спорт Верена Дитл.
Градските челници очекуваат дека трошоците за организација на атлетското СП 2029 би изнесувале 107 милиони евра или 110 милиони евра за натпреварувањето што би се одржале во Минхен во 2031 година






