Минималецот се покачи на 22.500 денари, просечната плата изнесува 40.000 денари: Власта ветува ново зголемување во следниот мандат – просечна плата од 1.000 евра и минимална од 600 евра

Просечната плата во Македонија достигна рекордни 40.000 денари или 650 евра. Ова е историски највисоко ниво на покачување плати во земјава.

Ако погледнеме само неколку години наназад, просечната плата изнесуваше само 360 евра во 2017 година.

Покрај големиот раст на просечната плата, и минималната плата достигна нов рекорд – од месец март веќе изнесува 22.500 денари. Тоа значи 180% зголемување споредбено со времето кога платата беше само 8.050 денари.

Владејачката партија најавува просечна плата од 1.000 евра и минималец од 600 евра

Ветувањето кое го даде поранешниот премиер Зоран Заев уште во кампањата 2016 година дека просечната плата во земјава ќе биде над 500 евра е одамна исполнето, а просечната плата оваа година се искачи на историски највисоко ниво и сега изнесува 40.000 денари (650 евра).

Сега, од СДСМ повторно ветуваат дека платите ќе растат уште повеќе. Велат дека во следниот мандат, доколку ја добијат довербата на граѓаните, ќе дојдеме до над 1.000 евра (61.000 денари) просечна плата и минимална плата од 600 евра (околу 37.000 денари).

Велат дека со правилни политики ова е достижно.

Голем раст на минималната плата изминативе неколку години

Од 2017 година минималната плата постојано растеше и сега изнесува 22.500 денари.

Прво се зголеми на 12.000, потоа на 15.200 денари, па на 18.000, потоа 20.175 денари, а од март оваа година минималната плата се зголемува на 22.500 денари.

Пред само неколку години минималната плата изнесуваше само 8.050 денари, а околу 90.000 работници во чевларската, текстилната и кожната индустрија беа дискриминирани и земаа плата пониска од законскиот минимум.

Извор: Центар

Back to top button
Close