Министерот Бектеши позитивен на Ковид-19

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19. Резултатот од тестирањето го добил денеска, и како што пишува, нема никакви симптоми и се чувствува добро.

– Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на КОВИД-19, тестот направен утрово.

За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за КОВИД-19, наведува Бектеши.

Тој ги повика граѓаните да се придржуват кон протоколите и мерките за заштита од коронавирусот.

– Здравје и среќа за сите!, ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства! Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик!, напиша Бектеши.

Back to top button
Close