Истргата со нови индиции – мајката и трите деца биле убиени?

Нови сознанија од истрагата фрлаат нов сомнеж на трагичната смрт на мајката која со трите деца беше најдена во реката Бојана во Албанија. Албанскиот новинар Дритан Лаци смета дека треба да се истражи можноста дека самоубиството може да е убиство на Алма, која со трите деца скокна во реката Бојана.

Полицијата во Албанија денеска пронашла уште две тела, Алма А.(39) и нејзиниот син, а претходно биле пронајдени телата на две девојчиња. Случајот на самоубиството на мајка и три деца кои скокнаа во реката Бојана го шокираше регионот, а албанскиот новинар Дритан Лаци смета дека не се расветлени сите околности и дека случајот можеби треба да се разгледува поинаку.

„Сорпугот на Алма имал врски со банди во Скадар. Жените кои се плашат од своите сопрузи затоа што се силни во градот, можат да пријават насилство во друг град. Треба да се фрли светлина на последниот разговор на Алма со сестрата на нејзиниот сопруг Ергиз. Исто така, е сомнително што се случило во претходните четири дена кога сопругот на Алма бил пуштен на слобода. Влезовите на мостот се покриени со камери, а оградата на мостот е висока околу метар и пол. како сето тоа успеала да го изведе мајка со три мали деца… Мора да истражуваме на две нивоа и не смееме да заборавиме дека се се случи во последните четири дена, токму кога братот на Ергиз беше ослободен – рече новинарот Лаци во емисијата „Живот во Албанија“.

За потсетување, Алма во четвртокот на 2 мај со трите мали деца скокнала во реката Бојана. Нејзиното исчезнување го пријавил нејзиниот сопруг Ергиз А.(31), кој бил уапсен во саботата на 4 мај кога било пронајдено телото на првото девојче

Back to top button
Close