(Видео)Министерот Тошковски призна дека се точни информациите што ги објави СДСМ за скандал во полицијата
По проверките министерот Панче Тошковски призна дека се точни информациите ибјавени утррово од СДСМ дека братот на градоначалникот на Гази баба Стефковски на 20 ти април во центарот на Скопје наместо дозволените 50 км.на час возел со 88 км и дека сообраќајци го стопирале.
Проверивме точно е рече министерот и додаде дека тоа не е се има и посрашно. Додека полицајците ја пишувале пријавата за возачот Деан Стефковски тој се јавил на началник во полиција кој на телефон им наредил да го ослободат а кога сообраќајците му рекле дека пријавата е веке пополнета им рекол ок смеенете го неговото име во неа на име на друго лице.
Тие така и сториле кажа Тошковски и рече покрај прекршочата за возачот од 300 марки и одземање на дозволата на 3 месеци за началникот ке поднесат и кривична пријава поготово што началнкот ја злоупотребил службената должност.
Тошкoвски повтори дека веќе кажал дека нема толеранција за никој кој и да е а скандалот се случува со утрешната интерпелација која му ја поднесоа од Левица а ја подржа СДСМ дека работи селективно особено со расчистување на вината за трагедијата во Кочани за која уапси 60 лица кој се поранешни но не и актуелните кои тој ги поставил.