Минусни утрински температури, најстудено на Попова Шапка

Утрово најниска температура во земјава од -14 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка, соопшти УХМР. Следат -12 Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево, -6 Виница, Куманово, -5 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, -4 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Охрид, -3 Струмица, Велес, Кавадарци, Претор, -2 Демир Капија, 0 Гевгелија.

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за провејување на снег. Ќе дува засилен до силен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени.

Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени, наведуваат од УХМР.

Back to top button
Close