Миовски стрелец и асистент во победата на Абердин


Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја почна 2024 година го гол и асистенција во дресот на Абердин, придонесувајќи вечерва во триумфот на неговиот тим над Рос Каунти од 3-0 во рамки на 22 коло во шкотската Премиер лига.

Миовски во 24 минути асистираше за водечкиот гол на Абердин, а во 80 минута стави точка на убедливата победа на гостински терен.

Македонскиот напаѓач е на петтото место на листата најдобри стрелци сезонава во шкотското првенство со девет голови, а досега запиша и две асистенции.

Абердин е осмопласиран на табелата со 22 бодови, пред дуелот во следното коло против Сент Џонсон на гостински терен.

Back to top button
Close