Мисајловски: Новата влада ќе продолжи да дава воена помош на Украина
Новата влада ќе продолжи да дава воена помош на Украина, кажа министерот за одбрана Владо Мисајловски кој изминативе три дена е дел од македонската делегација на НАТО Самитот во Вашингтон.
Мисајловски во интервју за ТВ 21 рече дека тоа што издвојуваме два проценти од Бруто домашниот производ како членка на НАТО е многу за една мала земја и дека тоа ќе продолжи и во наредниот период.
-Знаете дека доста донации се дадени на Украина, ние сме петта земја по донации и за мала земја тоа е огромен успех. Претходната влада тоа го правела и јас го поздравувам тоа.
Без разлика дали било од претходната влада или оваа влада истото ќе го прави, тоа мора да продолжи. Се разбира ние мора да ѝ помагаме на Украина во овие тешки времиња и ќе гледаме сето она што не ѝ е потребно на нашата Армија да го дадеме – рече Мисајловски.
Министерот додаде дека има барања за нова помош за Украина и тие во наредниот период ќе бидат разгледани на владина седница