Митева: Владата донесе одлука – “замрзнати” платите на функционерите

„На денешната 38ма седница на Владата беа донесени низа важни одлуки кои се во интерес на граѓаните. Имајќи ја предвид тенденцијата на пораст на просечната плата за 2024 година во однос на просечната плата за 2023 година, Владата донесе одлука за изменување и дополнување на законите во кои се утврдени коефициентите за пресметка на платите на избраните и именувани лица, судите, членовите на судски совет, јавните обвинители и на членовите на совет на јавни обвинители и за таа цел ги задолжи Министерство за економија и труд и Министерство за правда, секој во своја надлежност да достават изменување и дополнување на законите, на тој начин што ќе се изврши намалување на утврдените коефициенти за пресметка на платите, се со цел да не се направи дополнителна штета. Односно актуелните законски решенија предвидува пораст на платите на избрани и именувани лица, но Владата со цел да го заштити јавниот интерес и да нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот донесе одлука со која ќе се направи измена и дополнување на законите каде нема да се загрози и влоши состојбата на избраните и именувани лица. Односно ветивме дека едно е сигурно и тоа го исполнуваме зголемување на платите на избраните и именуваните лица нема да има. Со ова замрзнување го намалуваме тој процент од година во година, се со цел да дојдеме до процент еднаков на нула“ рече денеска меѓу другото портпаролката на Владата, Марија Митева.

Таа рече дека „обезбедени се околу 1 милијарда денари во билансот на буџетот за исплата на К-15 што е законска обврска за сите работодавачи и како Влада ќе ја исполниме оваа обврска во текот на месец декември“.

„Владата донесе одлука со која препорачува на сите органи на државната управа, со цел да не се предизвикаат дополнителни фискални импликации врз Буџетот да не се врши исплата на 13та плата за 2024 година како би успеале да обезбедиме фискална стабилност без преголеми оптоварувања врз средствата на граѓаните“ порача Митева

Back to top button
Close