Митрески од Струга: Новата стабилна влада на СДСМ ќе го реформира образованието

– Ко-носителот на листа на коалицијата „Можеме“ Јован Митрески, денеска во Струга имаше работна средба со наставниците, професорите и другите засегнати страни во образовниот процес во изборна единица 5.

На средбата тој истакна дека нивна задача е да создаваат услови за подобро образование.

– Ова прашање, како и многу други не го изоставивме и во Струга. Наша задача е да создаваме услови за подобро образование. Не бегаме од одговорноста како Влада, но мора да бидеме реални, имавме само две ипол години, затоа бараме стабилен мандат од граѓаните. Образованието е најважната алка во развојот на едно општество, нагласи Митрески.

Тој истакна дека треба постојано да го надградуваат и да изнајдат најдобри начини секое едно дете да има пристојни услови и да може да го следи образовниот процес во континуитет.

– Денес на оваа тема имавме можност заедно со заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска и кандидатот за пратеник Жаклина Лазаревска да продискутираме на оваа тема со наставниците, професорите и другите засегнати страни ви овој процес и да дадеме импакт во понатамошниот развој, додаде Митрески.

Back to top button
Close