МКД.МК: Во обвинителство се води предистрага за можна измама со фиктивна наплата на ДДВ „вредна“ над 90 милиони евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за порталот Мкд.мк потврдило дека се води предистражна постапка за наводна измама со фиктивна наплата на ДДВ направена од фирми со помош на УЈП. Детали од таму нема, бидејќи како што велат од ОЈО ГОК, постапката е тајна. Како што дознава МКД.мк, се работи за синџир од фирми што меѓусебно фиктивно си издаваат фактури, никој никому ништо не плаќа, освен државата ДДВ-то. За ваква операција да биде успешна, неопходно е најмалку едно лице од УЈП што одвреме-навреме само треба да замижи.

(…)

Ова практично значи дека е отворена неформална постапка за собирање докази, во фаза кога кривичното дело или неговиот сторител сѐ уште не се откриени во целост, а ја спроведува полицијата по службена должност или по барање на јавниот обвинител.

Предистражна постапка се води со цел на јавниот обвинител да му се обезбеди материјал за да може да оцени дали согласно со собраните докази има основи на сомневање дека определено лице сторило кривично дело, за да може да донесе наредба против него за спроведување на истражна постапка. Во спротивно јавниот обвинител ќе ја отфрли кривичната пријава.

Според порталот  на распит во полиција веќе биле неколкумина вработени во УЈП. Полициските истражители се интересирале за неколку фирми што меѓусебно фактурирале големи суми пари, фактури што никогаш не биле платени, но затоа пак државата редовно го плаќала ДДВ-то.

повеќе

Back to top button
Close