Младиот фотограф Кристијан Љушев го загуби животот по пад во зграда во Охрид

Познатиот охридски фотограф и креативен уметник Кристијан Љушев е младиот охриѓанец кој вчера го загуби животот по пад во зграда во Охрид.

Познат по својата работа, 28-годишниот Кристијан, со неговата „Шпанец“ продукција уживаше углед помеѓу колегите, како вреден, талентиран и исполнителен професионалец, кој има работено на бројни проекти, документарни емисии, видео спотови и останати материјали.

Иако до овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата во која тој настрада, неофицијално, лицето паднало во окно од лифт во зграда.

Како што пренесува Супер радио и OhridPress повредениот вчера, околу 15:00 часот, бил донесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде биле направени обиди за негова реанимација, но истите за жал биле неуспешни.

Back to top button
Close