ММФ ќе обезбеди 333 милиони долари за спас на економијата на Шри Ланка

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска ја одобри третата транша од програмата за спас на економијата на Шри Ланка.

Одобрената сума изнесува 2,9 милијарди долари, но ММФ предупреди дека економијата во Шри Ланка и покрај знаците за економско закрепнување и понатаму е ранлива.

Во соопштението на ММФ се наведува дека Фондот ќе обезбеди околу 333 милиони долари, со што вкупното финансирање за Шри Ланка ќе достигне околу 1,3 милијарди долари

Back to top button
Close