Многу лош предизборен викенд за опозицијата

Можеби сето тоа има некоја „повисока“ смисла што сè уште не може да се разбере, но и по овој викенд на „аудио“ пресметки останува нејасно зошто ВМРО-ДПМНЕ пушта во јавноста снимки од разговори на нивниот клучен оперативец со кодно име „Кичеец 007“ од кои тие имаат само политичка штета?!

Јасно е дека овој опскурен партиски лик од платниот список на главниот финансиер на опозицијата имал задача, во класична улога на агент-провокатор, во период од неколку години, да шета наоколу, да поттикнува најразлични соговорници на разговори, тие разговори тајно да ги снима, а снимките веројатно да ги архивира во сефот на својот газда. На тој начин е правен и „Рекет“: откако не поминал обидот за поткуп, исконструиран е добар дел од аудио и видео синопсисот за „Рекет“, а така се снимани и средбите со Мицкоски (не ќе да се тоа снимки од ПИ мерки), па со којзнае уште какви не ликови како овој крајно сомнителен бизнисмен од Србија кому агентов-провокатор му се претставувал во „магионичарско“ посредничко својство за да му изнуди некоја „корисна“ снимка.

Во сите разговори, во кои се слушаат само нивните гласови, се спомнуваат пари, пари, пари… Дадени, недадени, ветени, барани, земани или вратени. Не е важно што тие делчиња од разговори се тотално конфузни, важно е во нив да се спомнат и имиња, бидејќи само така имаат валкана „политичка“ тежина за понатамошни уцени, пазарења, компромитации и персонални дисквалификации.

Она што е неспорно е постоењето на цврста врска помеѓу агентот-провокатор, лидерот на опозицијата и нивниот главен бизнисмен-финансиер. Тоа е јасно од снимките што сами меѓусебно си ги правеле (памтите, како во „Рекет“, по што ништо од снименото не можеше да се докаже), слично како што не само што никој не демантира, туку и јавно си потврдуваат дека во тој круг на политичково подземје се вртеле и значителни суми на пари.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close