Мојсоска: Мицкоски велеше дека ќе поднесе оставка ако има поврзаност со агенцијата што ја обезбедувала „Пулс“

Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска очекува дека преку надзорната расправа за трагедијата во Кочани ќе се бара разјаснување на многу прашања, како што е водењето на постапката. Според Мојсоска, Левица уште претходно алармираше дека агенцијата за обезбедување, Рубикон имала директни контакти со ВМРО-ДПМНЕ.

-Приведениот Нацев имаше слики од Рубикон на неговиот Фејсбук профил кој веднаш ги избриша. Премиерот велеше дека нема никаква поврзаност со агенцијата и ќе си даде оставка ако има било каква поврзаност. Има многу прашања кои институциите допрва треба да ги одговорат. Мора трагедијата да се расветли за никогаш повторно да не се случи, рече Мојсоска во емисијата „Студио 10“.

Во наредните 15 дена треба да се формира целиот состав на Комисијата која треба да се дебатира на надзорната јавна расправа.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно изјави дека речиси и да не знае ништо за притворениот газда на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев, кој беше уапсен за трагедијата во Кочани. Мицкоски рече дека знае само оти тој имал „некаква функција“ во владата на екс-премерот Никола Груевски и дека сега нема никаква поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close