Моќта е во правото – правото е во моќта: “светот ќе плати висока цена”!?

(Или: како “малката” Македонија, ја спаси моќната Америка да не падне на нос!?)

Ако правото, особено меѓународното, е во моќта, односно ако ПРАВОТО Е САМАТА МОЌ, тогаш да ја прифатиме логиката на Екатерина (Велика) Захариева, која, практично, се сведува на следново: ние нема да ви се мешаме во вашата сегашност, а вие да не ни се мешате во ВАШЕТО минато!

Класична замена на тези, класична приказна за волкот и јагнето: волкот е на изворот, а јагнето, од таму некаде-подолу, му ја мати водата!А волци, од сите страни!!!

Македонците, или, барем, ние постарите, од Србите, ја имаме превземено “мудроста!”:”сила Бога не моли”, односно, “нужда закон мења”. Кога денеска, Столтенберг ќе ви каже дека НАТО Србија ја разурлнал “за нејзино добро!”, тогаш, што можете да и кажете на Екатерина.Ништо, игнор, “па где пукло-пукло!”.

Ако, до вчера, еден горостасен и горопаден, Александар Велики Вучиќ, кој со Путин “гавaрит па руски”, а на “братот” Си Ѓинпинг  му испраќа пораки “по китајски!”, денеска, преде како “прворазредно” маче  на столчето пред глобалниот “даскал” Доналд Трамп, тогаш ништо од правда и меѓународно право.

Правото е моќта – светот ќе плати висока цена!?

Правото е во моќта – светот ќе плати висока цена! Трамп, само што “се врати од отпишаните!”, после драмолетката со Ковид-от, во став мирно, симната маска (ова читајтего во преносна смисла!), некому, војнички, салутираше: “Кина ќе плати висока цена”!?

Лесно е да се претпостави кому?На војската и висикиот капитал. На некому зад сцената.

Неговиот претходник, демократот Обама, пишува: “политичарите се заробени во канџите на богатите донатори”( книга,  “Смелоста на надежта” – “The audacity of hope thoughts on recklaming the amercan dream”).

“Парите не гарантираат победа, со нив не може да се купи храброст, харизма, или говорничка вештина. Но без пари и без телевизиски минути, загарантиран е само пораз”, Додава Обама.

Богатите финасиери имаат моќ да влијаат врз политичарите. Дали може да ни биде утеха што тие стануваат се помалубројни? Не!

Оние кои влијаат само со својот глас се немоќни, но ги има во поголем број. Дали,пак, тоа може да ни биде утеха. Повторно – не: “богатите со своето влијание ја поткопуваат самата идеја за демократија, другите-бројните и сиромашните се нејзината суштина” (повторно Обама).

Џорџ Буш-Вториот, лидер и претставник на крупниот капитал од шинелот на Доналд Трамп, во една прилика, самиот изјави дека владателите со светот што ние ги гледаме на јавната сцена, всушност, и не се оние вистинските владатели!? 

Не гледам поподобен соговорник од него на оваа тема, затоа што тој најдобро знае и може да го каже тоа што го кажа. Династијата Биуш е и на аверсот и на реверсот од американскиот долар!

На Ротшилдови само “дајте им да ги управуваат парите”, после, “ќе им биде сеедно кој ги пишува законите!” (Мејер Амшел Ротшилд). Кога, денеска, би можеле да го вратите назад Хајнрих Хајне, за да ви даде совет, би ви рекол: “парите се Бог на нашето време, а Ротшилд е неговиот Пророк!”.

Ако денеска изговорите критички збор за Трамп, дури и македонските “глобалисти!” ќе ви “се турат“ дека заспивате со програмата на СНН.Ќе ве потсетат дека тој дошиол на тронот со пораката: “Првин Америка”, или, “Америка пред се”! Ќе ви тврдат дека добро ја разбрале пораката и ќе ви дадат грст аргументи:не отворил ниедно ново воено жариште, ја подигнал економијата,  ги вратил дома амариканските војници…

Претпоставувам, ги вратил и од Бонд Стил, на Косово!

Прашањето не е дали Америка ќе ја игра водечката улога на светската сцена, туку како ќе ја игра!?

Ние имаме месијанска визија, затоа што сме месијанска држава!”. Реченицата му се припишува на Буш Помладиот, а ја цитира Мајкл Ледин, еден од неговите најблиски соработници, од времето на претседателствувањето.

Ништо ново. Американската политика секогаш била конголомерат од спротивставени импулси, а билансот мешовит. Некогаш им служела на американските национални интереси и идеали, подеднакво со интересите на другите земји, некогаш била лошо водена врз погрешни претпоставкли, игнорирајќи ги легитимните интереси на другите земји, со што е поткопуван  американскиот кредибилитет:”диктаторка на свтот”, или “глобален џандар”!

Уште Tомас Џеферсон почнал со неизбежнопста од ширење и експанзија надвор од првичните, оригинални 13 држави на САД. Временски, поблискиот, Френклинх Делано Рузвелт,бил многу јасен: “својата безбедност веќе не можеме да ја мериме со милјите на некоја мапа!”.

Или: “САД не можат да бираат дали ќе играат голема улога во светот, или не.Тие мораат да играат голема улога.Единствено за што можат да одлучуваат е дали таа голема улога ќе ја играат добро или лошо”.

Kако “малката” Македонија, ја спаси моќната Америка да не падне на нос!?

Медиумите, барем кај нас, многу бегло известуваа за суштината на последната балканска турнеја на шефот на американскиот Стејт департмен, Мајк Помпео. Тој беше во Охрид, лани овој месец. Попрецизно, на 4 октомври. Во државната вила во Охрид, имаше средба со нашиот претседател, Стево Пендаровски, ден после неговиот престој во мојата Црвена Вода, каде го напоивме со историја, храброст и одважност.

Помпео се сопна на едно повисоко камче во дворот на вилата, итајќи кон магичната тераса со поглед кон “красивиот!” Охрид. Нашиот Претседател, вешто го фати за рака, за да не падне. Ете, како може да се најде и една мала земјичка, која просечниот Американец не знае и не може да ја пронајде на светската мапа!

Шегата настрана. Помпео ја одбегна Македонија. Испрати некој второразреден чиновник, дури не и од “Стејтот”, туку од некое трговско, или слично “правителство!”. Беше во Грција и Хрватска. Дојде да ја зациментира геополитиката и геостратегијата на нафтените патишта. Хрватска и Македонија ќе се снабдуваат со американски природен гас, преку Александропулос.

Збигнев Бжежински, харвардски докторант по филозофски и политички науки, член на Американскиот центар за стратегиски и мегународни изучувања (уште и советник за национална безбедност од времето на Џими Картер),јасно не дефинира нас – балканските европјани:

-“Над се, Европа е неизбежниот геополитички мостобран кон евроазискиот континент.Енормно ќе расте потрошувачката на енергија, а Сртедна Азија и Кавкаскиот басен поседуваат најголеми залихи на нафта и природен гас”.

Европа и Балканот – мостобран за контрола на глобалното снабдување со нафта

Балканот е една од клучните територии, неопходна за воспоставување на новиот светски поредок. За некои од земјите-потписнички (сеедно дали се жртви или џелати!),  не важи  Договорот од Хелсинки за европска безбедност и соработка   и неменливост на границите (OSCE), европското законодавство ќе се применува селективно, затоа што е пречка во воспоставувањето на новиот светски поредок, американските вредност се општ стандард, се враќа времето на римските цареви со правото на глобална превласт.

Основите на мегународното право, лежат врз човековите индивидуални права. Екатерина Велика Хаџиева, намерно заборава дека: “во секој процес треба да му се даде приоритет на самоопределувањето на народите, над сите други правила, или закони на меѓународното право”.

Исклучоците стануваат правила, непочитувањето на законите и надлежностите на воените сојузи, се преседани кои се повторуваат. Се заобиколува мегународниот правен поредок, ООН се настрана од главните случувања. Што тоа значи, НА ШТО ТОА ОПОМЕНУВА? Одговорот треба да го побараме во пропаста на Лигата на народите.После тоа следеше Втората светска војна!

Можеби Кина “ќе плати превисока цена”. Заканата на Трамп од балконот на Белата Куќа, треба да се чита како објава, или како одговор (кој како милува!) за веќе започнатата “војна без крв!”. Ние постарите добро ја имаме запаметено Кубанската, или,пак, Корејската криза.

Во Јужното кинеско море натопорени се слоновите – гиганти. А кaде што тие поминуваат, трева повторно не расте!

Веле Митаноски

Back to top button
Close