Моди и Трамп разговараа за деескалација на војната на Блискиот Исток

Индија ја поддржува деескалацијата на војната на Блискиот Исток и воспоставувањето мир што е можно поскоро, изјави денеска премиерот Нарендра Моди.

Индискиот премиер напиша на Икс дека имал „корисен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за ситуацијата во Западна Азија“.

„Обезбедувањето дека Ормуската теснина останува отворена, безбедна и достапна е од клучно значење за целиот свет“, напиша Моди.

„Се согласивме да останеме во контакт во врска со напорите за мир и стабилност“, додаде тој.

Back to top button
Close