MOЛ: Преземаме 56,15 проценти од НИС, нафтената компанија од ОАЕ е потенцијален малцински акционер

Унгарската компанија „MOL Group“ денеска потврди дека ги потпишала главните одредби од обврзувачкиот рамковен договор со руската компанија „Гаспромњефт“ за купување 56,15 проценти од акциите во српската компанија Нафтена индустрија на Србија.

МОЛ во соопштението наведува дека преговара со националната нафтена компанија на Обединетите Арапски Емирати (ADNOC) за нејзино влегување во сопственичката структура на НИС како малцински акционер.

 

За склучувањето на трансакцијата, меѓу другото, е потребна согласност од OFAC (Канцеларија за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД), како и други државни и регулаторни органи во Србија.

 

Рамковниот договор ги дефинира клучните услови на договорот за купопродажба, вклучувајќи ја и временската рамка за спроведување длабинска анализа на работењето на НИС и поднесување барања за регулаторни одобренија, а страните планираат да го потпишат договорот за купопродажба, како што наведува MOЛ, до 31 март оваа година.

 

 

Back to top button
Close