МОН: Ќе се преиспита содржината на учебникот по историја за 6то одделение

Министерството за образование соопшти дека е формирана комисија која ќе ја преиспита содржината на учебникот на 6-то одделение, откако досега пристигнале повеќе претставки дека објавените податоци не соодветствуваат со научната реалност.

„Во законски утврден рок од 10 дена, Комисијата има обврска до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот, доколку членовите констатираат дека претставките се основани. Во зависност од обемноста на материјата која треба да се преработи, ќе биде донесена одлука за корекција на постојниот или за израбока на целосно нов учебник по соодветниот предмет“, информира МОН.

МОН и другите надлежни институции ќе продолжат да работат на подобрување на содржината на учебниците кои се користат во основното и средното образование и во целиот процес и понатаму ќе биде вклучена јавноста, односно граѓаните кои имаат можност да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса book@mon.gov.m

 

 

Back to top button
Close