МОН воведе четбот за користење на електронскиот дневник

Од Министерството објаснуваат дека ова унапредување на примената на Е-дневникот е направено со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
-Во рамки на соработката е развиено напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и овозможува интелигентно пребарување и генерирање прецизни одговори на сите прашања на корисниците на е-дневникот, соопшти МОН.
Министерката за образование верува дека колешката од Финансии ќе има разбирање и ќе им даде пари за следните чекори од реформската агенда
Од Министерството појаснуваат дека со тоа се овозможува лесен пристап до релевантни информации и поддршка за корисниците.
-Системот е успешно имплементиран и хостиран на безбедна облак-платформа, со применети механизми за заштита и контрола на содржината. Воедно, воспоставен е систем за мониторинг и оптимизација кој овозможува следење на перформансите и анализа на користењето, соопшти МОН.






