Мората би можел да се пресели во Милан

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората може да направи трансфер во Милан, објави „Goal.“

Раководството на актуелниот италијански шампион е заинтересирано да ангажира играч кој има искуство со играње во Серија А.

Мората двапати играше за Јувентус, од 2014 до 2016 година и од 2020 до 2022 година.

Триесетгодишниот Шпанец оваа сезона забележа 42 настапи за мадридскиот клуб постигнувајќи 15 голови и три асистенции

Back to top button
Close