Московјанин уапсен во метро затоа што имал антивоени слики во телефонот

Жителот на Москва, Јуриј Самоилов, беше ставен во притвор на 14 поради сликите во неговиот телефон. Ова за „Нова газета Европа“ го изјави братот на уапсениот Николај Лунченков.

Самоилов бил приведен утрото на 17 март во метрото, кога еден од патниците видел слики на неговиот телефон што ја „дискредитирале руската армија“ и повикал полиција. Службениците на редот преку неколку станици му пришле на Самоилов и го привеле.Потоа безбедносните сили го разгледале мобилниот уред на уапсениот и за него направиле извештај за дистрибуција на екстремистички материјали. Подоцна, информациите за ова се појавија на веб-страницата на судот Черјомушкински.

Истиот ден судот донесе одлука Самоилов да биде осуден на двонеделен притвор како казна. Мажот е испратен во специјалниот притвор „Сахарово“, каде сѐ уште се наоѓа. Таму на приведениот му било дозволено да се јави на мајка си и да каже што се случило.

 

 

Извор: Независен

Back to top button
Close