Мотоциклистот Слободан Ивчески освои четврто место на Европскиот шампионат во Србија

Еден од нашите најпознати мотоциклисти Слободан Ивчески го освои четвртото место во класа до 1.000 кубни сантиметри на Европскиот шампионат што се возеше денеска вна патеката во центарот на Националната возачка академија (НАВАК) во Србија, во конкуренција на 23 возачи.

– На денешната трка што се возеше во рамките на Европскиот шампионат, во категорија на мотоциклисти до 1.000 кубни сантиметри, од 23 возачи, го освоив високото четврто место, иако трката ја започнав од десетата позиција. Со офанзивно и прецизно возење и повеќе престигнувања во директна борба со конкурентите, успеав да поминам шестмина мотоциклисти кои располагаа и со подобри машини од мојата и на крајот да завршам како четврти, што е одлично остварување за мене и за мојата земја. Се надевам дека и на наредните трки, во рамките на овој Шампионат, ќе оставрувам добри пласмани и ќе го потврдувам својот возачки квалитет, изјави Ивчески, кој е член на Мото клубот „МК Сакамото“, кој во оваа календарска година одбележува 20 години од своето постоење.

Back to top button
Close