Mу доцнеле кирија и газдата со експлозив го дигнал станот во воздух
Експлозијата што се случи синоќа во Смедерево на последниот кат од зграда, наводно била намерно предизвикана, пишува српски Курир.
– Постои сомнеж дека експлозијата била намерно подметната и дека во неа било вклучено големо количество експлозив со голема разорна моќ што штетата на објектот била огромна – вели соговорникот на Курир и додава:
– Наводно, загинатиот е Ѓорѓе А.(56), сопственик на станот во кој се случила експлозијата, но тоа ќе се утврди со натамошни вештачења и идентификација, со оглед дека телото буквално се распаднало од детонацијата.
Како што понатаму наведува соговорникот, истрагата ќе утврди како дошло до експлозијата и кој е всушност мотивот за оваа трагедија.
– Сопственикот на станот, кој досега не бил осуден и наводно немал проблеми со законот, наводно активирал експлозивна направа поради конфликт со станарите од станот. Имено, четиричленото семејство кое престојувало кај него не ја плаќало киријата и често доаѓале во конфликт. За жал, конфликтот ескалирал синоќа и сопственикот на станот го активирал уредот – вели изворот.
Детонацијата била толку голема што биле повредени и станарите.
– Во детонацијата се повредени брат и сестра на возраст од околу 30 години. Имено, во станот живеат и нивниот татко и братучед, но тие во моментот на експлозијата не биле во изнајмениот стан – вели соговорникот.