Му нанел над 30 убоди во вратот и градниот кош – Обвинителството со детали за убиството во Чаир
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство, соопштија од Обвинителството.

Како што се наведува во соопштението, осомничениот 30-годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко.
Имено, откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош, при што, таткото починал на лице место.
„Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот. Со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор“, стои во соопштинето






