Му паднала бетонска цевка врз нога – Тешко повреден работник на автопатот Охрид-Кичево
Работник од струшко е тешко повреден при извршување работни задачи на автопатот во изградба Охрид-Кичево.

– На 28.04.2026 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди на ногата бил донесен П.С.(36) од село Мороишта, струшко. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за градежна фирма од Струга на автопатот во изградба Охрид-Кичево, односно при утовар-истовар на бетонски цевки паднала една цевка и го повредила, соопштија од полицијата.
Увид на местото извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор






