Мурињо потврди дека нема да го води саудискиот Ал Шабаб, чека опција која го мотивира

 

Жозе Мурињо го одби Ал Шабаб, чека опција која ќе го мотивира.

Според новинарот на „COPE и Marca“, Педро Мората, Мурињо ја потврдил информацијата дека нема да работи со саудискиот клуб.

Сега тренерот паузира и чека опција за продолжување на кариерата која ќе го мотивира.

До неодамна Мурињо беше тренер на Рома. Италијанскиот клуб го отпушти Португалецот и на негово место го донесе Даниеле де Роси.

Во својата кариера, пред Рома, Мурињо ги предводеше Тотенхем, Манчестер јунајтед, Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто и Леира.

Back to top button
Close