МВР: 15 прекршување на забраната за движење, 449 санкции за неносење маска

– Деноноќието меѓу 10 и 11 мај МВР констатирало дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење, соопштија од МВР.

За мерката за носење лична заштита на лице, пак, регистрирани се 449 прекршоци, информираа од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Back to top button
Close