МВР на Хамас: Раселените Палестинци почнаа да се враќаат во своите домови во северниот дел на Газа
Палестинците од Појасот Газа, раселени поради конфликтот меѓу Израел и радикалната палестинска група Хамас, утрово почнаа да се враќаат во своите домови во северниот дел на крајбрежната територија по „пробивот во преговорите со Израел“, информира Министерството за внатрешни работи на Хамас.
– Движењето на раселените Палестинци почна на патот Ал Рашид низ западниот дел на коридорот Незарим кон градот Газа и северниот дел на Појасот, се вели во соопштението на администрацијата на Хамас.
Војната во Појасот Газа почна по терористичкиот напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година. Според израелските податоци, тогаш биле убиени речиси 1.200 луѓе, а киднапирани биле околу 250 заложници.
Според информации на Министерството за здравство на Хамас, околу 47.000 Палестинци загинале во израелската офанзива во крајбрежната енклава.
На 19 јануари стапи во сила шестнеделниот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.