МВР потврди: Уапсен Раде Трајковски-Штекли
МВР соопшти дека попладнево го уапсиле Раде Трајковски-Штекли по наредба на ОЈО за гонење на организиран криминал.
Според дел од медиумите, Штекли бил уапсен попладнево во близина на хотел околу Гевгелија. Тој е осомничен за трговија за дрога и се обидел да избега.
Штекли има група од десетина луѓе кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на сите членови.
Штекли стана познат за јавноста откако по неуспешните обиди за негово убиство.
Во ноември минатата година беше фрлена експлозивна направа во двор на куќа во населба Керамидница во Скопје, а од експлозијата со повреди се здоби Трајковски, кој беше пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
Претходно, во Штекли беше пукано во Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје.
Во 2011 година тој беше уапсен во Грција како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за случајот.