МВР утре со посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестот на ССМ
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека утре во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Првомајскиот протест, како што е најавено, треба да започне во 11 часот пред зградата на ССМ, односно Работничкиот дом, а ќе заврши пред Владата на булеварот Илинден.
Во соопштението на МВР е наведена целата рута на движење, односно улиците и булеварите на кои ќе бидат под посебен сообраќаен режим.
„Протестот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на ул. ‘Мирче Ацев’ бр. 4 со движење лево по ул. ’Филип Втори Македонски’, десно по ул. ’11 Октомври’, право по ул. ‘Димитрие Чуповски’, десно по ул. ‘Васил Главинов’, право по булевар ‘ВМРО’, лево по бул. ‘Илинден’ до пред Влада на РС Македонија во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје“, се вели во соопштението од МВР.
Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на протестот






