МЗШВ повикува на претпазливост за спречување пожари на отворено

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ја повикува јавноста да биде посебно претпазлива се со цел спречување на пожари на ниво на предел.

МЗШВ ја потсетува јавноста да биде внимателна во периодот кој што следи бидејќи како што се приближуваме до критичните периоди од сезоната на пожарите и зголемениот ризик од појава на пожари на ниво на предел, но и моменталната состојба со пожарите во земјава, од суштинско значење е јавноста да ја разбере опасноста и да превземе проактивни чекори за заштита на шумските екосистеми односно животна средина и заедниците во целина.

-Земјоделски површини – неконтролирано палење на земјоделско земјиште е строго забрането со закон и претставува казниво дело. Сериозни ризици – пожарите на ниво на предел директно ги загрозуваат човечките животи, имот и животната средина. – Правни последици – предизвикување на пожар на отворен простор е казниво дело. И за брзо откривање јавноста да алармира на 112, посочуваат од прес-службата на МЗШВ.

Од Министерството даваат и неколку совети за безбедност како: избегнување палење на каков било оган за време на периоди на силен ветер или суво време и пронаоѓање на побезбедни методи за расчистување на земјиштето и отстранување на горливиот материјал.

МЗШВ ги охрабрува сите граѓани да останат информирани и да преземат превентивни мерки за, како што велат, да се избегне појава на пожари на пределот.

-Исто така, МЗШВ ја потсетува јавноста дека од 15.07.2024 е воведена целосна забрана за движење во шумите. За таа цел се повикува јавноста да ја следи и да се приклучи на Програмата за управување со пожарите на ниво на предел (lfmwb.net) во која Министерството е партнер институција и активно работи на имплементација на активности и мерки дефинирани во програмата со фокус на превенција и подготвеност во управувањето со пожарите на ниво на предел. Работејќи заедно, можеме да го намалиме ризикот и да ја обезбедиме безбедноста на нашите домови и животната средина, се наведува во соопштението од МЗШВ

Back to top button
Close